Судиската организација во Англија се одлучи да го тргне судијата Пол Тирни од денешниот натпревар меѓу Челси и Ливерпул.
Тирни требаше да биде судија во ВАР собата, но со оглед на тоа што претходно имаше судир со менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, одлучено е да биде отстранет од дербито.
Клоп неодамна по ремито на гостувањето со Тотенхем му пријде на Тирни по мечот и му порача:
„Од сите судии само со тебе имам проблем“.
А, потоа во изјава за медиумите дополни:
„Не знам зошто има проблем со мене. Искрено немам поим. Само сакам објективен судија кој на вистински начин ќе ја гледа ситуацијата на терен“.
Сега судија во ВАР-собата за дуелот меѓу Челси и Ливерпул ќе биде Дарен Ингланд, а Тирни е именуван за главен судија на мечот Лидс – Барнли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА