Пролонгирано враќањето на Елмас: Вчера прво негативен, па потоа повторно позитивен на ковид

Македонскиот интернационалец Елиф Елмас, кој е во изолација поради позитивен тест на коронавирус, вчера направил два теста. Првиот покажал негативен, но вториот позитивен, со што Елмас останува во изолација и враќањето на терените е одложено, пренесува италијанска „Република“.

Елмас пред неколку дена доби позитивен тест, втор пат од почетокот на пандемијата. Тој е во „трка со времето“ за дербито со Јувентус кое треба да се одигра во четврток.

Денеска Петања и Малкуит треба да ја прекинат изолацијата и да се вратат на теренот. Тие беа во изолација поради контакт со позитивно лице. Во Јувентус, пак, Пелегрини и Каио Жорге имаат симптоми на ковид, но и двајцата се негативни.

Се вчитува...