Победа за самодоверба, почна одбројувањето – десет дена до првиот меч на ЕП 2022 (фотогалерија)

Мaкедонските ракометари го совладаа Израел со 31-28 за трет триумф во низа на контролните натпревари во пресрет на европскиот шампионат што за десет дена ќе го стартуваме со дуел против Словенија во Дебрецин.

Јасно е дека селекторот Лазаров се уште ги крие адутите, така денешниот дуел го мина крај аут-линијата водејќи ги со совети своите помлади колеги. Во составот го немаше Пешевски, помала минутажа имаа и Кузмановски и Миркуловски, така што е јасно дека постои простор за значаен напредок.

За утре е закажан и вториот дуел со Израел, последна контрола на нашиот национален тим до почетокот на ЕП 2022, по што ќе следи и „шминкање“ на деталите во играта пред пресметката со Словенците.

Се вчитува...