Монако новиот тренер го пронајде во Бриж

Досегашниот тренер на Бриж, Филип Клемен е назначен за нов тренер на Монако, како замена за Нико Ковач кој пред новата година доби отказ од клупата на „кнезевите“.

Францускиот тим се реши за Клемен, кој во три години стана трикратен првак во Белгија, и играше во Лигата на шампионите. Клемен во минатото беше тренер на Генр и Васлан Беверен. Мина и како играч во Бриж 10 години, и одигра над 250 натпревари.

Од друга страна, пак, Бриж го назначи за нов тренер Алфред Шројдер. Станув азбор за Холанжанец кој досега беше помошник на Куман во Барселона.

Се вчитува...