Ракометната репрезентација на Македонија во полн состав ќе го одигра вториот контролен натпревар против Израел, а воедно и последен пред настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Денешните тестирања на ковид-19 не дадоа ниту еден позитивен случај што значи дека селекторот Кирил Лазаров ќе може да смета на сите ракометари на денешната контрола. На првиот контролен меч против Израел кој се одигра вчера „црвено-жолтите“ славеа со 31-28. Денешниот натпревар исто така е со почеток во 18 часот.
Македонија премиерниот дуел на ЕВРО 2022 ќе го одигра на 13. јанаури во Дебрецин против Словенија, а потоа следуваат и мечевите со Црна Гора и Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

