Откажани ски-скоковите во Инсбрук

Натпреварувањето во ски-скоковите во Инсбрук, трето по ред на новогодишната турнеја „Четири скокалници“, е откажано поради силен ветер. Натпреварувањето кое требаше денеска да се одржи, неколку пати беше одложувано, но на крајот е донесена одлука да се откаже. Треба да биде одржано во Бишофсхофен, последната станица на оваа турнеја.

На првите две скокалници во Оберсдорф и Гармиш, триумфираше јапонскиот ски-скокач Рјоју Кобајаши, кој и во квалификациите во Инсбрук беше најдобар.

Претходно од натпреварувањето се повлече Камил Штох, освојувачот од минатата година, поради слаба форма.

Се вчитува...