Словачката скијачка Петра Влхова, триумфираше на слаломот во Слјеме во Загреб, во петтиот слалом оваа сезона во Светскиот куп.
Влхова водеше и по првата трка, а од четвртата победа оваа сезона стигна за 1:56.99. Ова беше нејзина 24-та победа во кариерата.
Влхова оваа сезона два пати победи во Леви и еднаш во Линц, додека беше втора во Килионгон.
На второто место со 50 стотинки заостанување заврши Микаела Шифрин од САД, а трета беше Катарина Линсбергер од Австрија со заостанување од 2 секунди и 11 стотинки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА