Нови позитивни во Милан: Пиоли ќе го “крпи“ тимот за дербито со Рома

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, се соочува со огромни проблеми откако нови тројца фудбалери на „росонерите“ се заразија од коронавирус непосредно пред продолжението на сезоната. Милан денеска го игра дерби-дуелот против Рома, од претходно позитивни се Татарушани и Кастилјехо, но „росонерите“ објавија за три нови случаи на Covid-19 во своите редови.

Имињата не беа официјално објавени, но италијанските новинари обелоденија дека станува збор за дефанивците Томори, Ромањоли и Калабрија. Овие тројца играчи воопшто не биле дел од вчерашните тренинзи на екипата, не се појавиле во тренинг-центарот Миланело, по што е извесно дека токму ова трио поради коронавирус се наоѓа во самоизолација.

Само за потсетување, „росонерите“ се и без помошта на Кеси, Бенасер и Бало-Туре, кои отпатуваа на Купот на Африкански Нации, додека Кјер и Пелегри се повредени.

Се вчитува...