Четири заминувања од Осогово

Четири фудбалери во текот на зимската пауза го напуштија Осогово и нема да бидат дел од кочанскиот второлигаш во пролетниот дел од сезоната.

Станува збор за Благојче Иванов, Аделин Ќазимов, Иван Мицевски и Дарко Спировски. Првите двајца заминаа во Беса, Мицевски се врати во Вардар од позајмицата, додека Спировски направи „кам-бек“ во Силекс, од каде играше како отстапен.

Осогово го заврши есенскиот дел од сезоната на седмата позиција со 19 бодови.

Се вчитува...