Калчо лигата почна со фарса во 2022 година

Серија А во 2022 година започна со фарса, очекувано виновникот е коронавирусот, но и раководството на првенството кое неподготвено ја дочека новата година па првиот меч кој требаше да се одигра во Болоња каде гостуваше Интер заврши со одложување поради позитивни случаи на Ковид-19 во домашниот табор.

Притоа гостите мораа да се појават на стадионот „Ренато Дал’Ара“, а откако домашните фудблаери не се појавија на теренот судијата свирна крај, а одлуката за конечниот исход од натпреварот ќе биде во рацете на федерацијата која ќе одлучи дали Интер службено ќе го добие мечот или истиот ќе биде преигран.

Во истото време започна и мечот помеѓу Сампдорија и Каљари во кој гостите се радуваа на победа од 1-2 по целосен пресврт во второто полувреме. Домаќините до водство ги донесе Габиадини во 18. минута, а Деиола и Паволети во второто полувреме се погрижија за тритте бода да заминат за Каљари.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...