Дефинитивно негативен: Елмас доби „зелено светло“, ќе чека шанса од клупата во Торино

Решени се сите дилеми. Елиф Елмас се наоѓа на клупата на Наполи за вечерашното дерби со Јувентус во Торино, и тоа значи дека е негативен на коронавирусот.

Елмас вчера доби негативен тест, пристигна во Неапол, а утрово во Торино на тестирањата кои се вообичаени пред секој меч, беше позитивен. Сепак, поради сомневања за неточни резултати, му беа земени два бриса, кои покажаа дека е негативен на коронавирусот, и тој ќе чека вечерва шанса од клупата.

Елмас е на клупата пред се поради тоа што пропушти неколку тренинзи пред овој меч поради изолација.

Се вчитува...