„Незапирливот“ Кобајаши ја освои овогодишната турнеја „Четири скокалници“

Јапонецот Рјоју Кобајаши е овогодишниот освојувач на турнерјата „Четири скокалници“ откако вечерва во Бишофсхофену два пати скокна во должина 133.5 метра и го освои петтото место кое сепак беше доволно за осојување на првата позиција на табелата по акумулацијата на бодови.

Победата во Австрија му припадна на Даниел Хаубер кој скокаше 136.5 и 137 метра, додека второто место го освои Халвор Егнер Гранеруд. Како трет натпреварувањето го заврши Карл Геигер и покрај тоа што имаше најдобар резултат по првата рунда.

За Кобајаши ова е втора титула на турнејата која прв пат ја освои во 2019 година кога славеше на сите четири скокалници.

Се вчитува...