Малинков седна на клупата на Раховеци

Македонскиот кошаркарски стратег Љупчо Малинков има нов тренерски ангажман, како предводник на косовскиот прволигаш Раховеци.

Тој потпиша договор со овој клуб, на чија клупа пред две години седеше Марјан Илиевски, што претставува камбек на Малинков во косовскиот кошаркарски шампионат, каде минатата сезона го предводеше составот на Сигал Приштина.

„Задоволен сум од понудените услови и очекувам добри резултати во наредниот период. Тимот моментно е на седмата позиција, а желба е да се влезе во Топ 6 и да се учествува во Супер-лигата. Пред нас е мојот поранешен клуб Приштина, со четири победи повеќе, но верувам дека имаме квалитет за да ги стигнеме и да ја оствариме зацртаната цел“, изјави Малинков за ЕКИПА.

Се вчитува...