Новак Ѓоковиќ веќе трет ден е во притвор во Австралија и не му дозволен влез во земјата. Тој ја чека одлуката на австралискиот суд дали ќе може да настапи на првиот гранд-слем во сезоната кој се игра во Мелбурн.
Во меѓувреме како што пренесува Би-би-си спорт откриено е што првиот рекет на светот навел како медицински исклучок поради што Австралиската тениска федерација му одобрила настап во Мелбурн.
Имено, судските документи потврдуваат како Ѓоковиќ бил позитивен на Ковид-19 на 16. декември. Документацијата на судот му ја презентирале адвокатите на Србинот кои се надеваат дека ова ќе биде доволен доказ за тој да настапи на гранд-слемот кој досега во кариерата го освојуваше девет пати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА