Ѓоковиќ во притвор, Надал во финале на АТП турнирот во Мелбурн

Додека трае сагата околу влезот на првиот рекет во светот во Австралија, Новак Ѓоковиќ некако во втор план се работите што се случуваат ширум тениските терени во оваа земја.

Додека Ѓоковиќ се наоѓа во притвор во хотел во Мелбурн и не се знае дали ќе му биде дозволен влез во земјата, еден од неговите најголеми ривали Рафаел Надал се пласираше во финалето на турнирот кој се игра токму во овој град.

Во второто полуфинале Шпанецот беше подобар од финскиот тенисер Емил Русовори со максимални 2-0, по сетови (6-4 и 7-5). Во финалето Надал ќе игра против Американецот, Максим Креси.

Се вчитува...