Откриено кој е човекот кој го блокирал влезот на Ѓоковиќ во Австралија

Петти ден како трае сапуницата околу влезот на Новак Ѓоковиќ во Мелбурн и учество на првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен.

И додека цел свет ја чека конечната одлука која треба да биде донесена на полноќ, светските медиуми само бараат некоја вест која ќе може да ја поврзат со целиот случај. Откриено е името на човекот кој го имал последниот збор за блокирање на влезот на првиот рекет во светот во Австралија.

Се работи за Мајкл Оутрам, комесар на австралиските гранични сили и човек кој спроведувал остри потези на своја рака, како што се наведува во текстовите на медиумите од Австралија.

Локалните медиуми наведуваат дека токму тој го имал последниот збор да не му биде дозволен влез на Ѓоковиќ во Австралија. Тој сакал токму Србинот да биде вистински пример како неговите надредени се држат до законот.

Се вчитува...