Нашата Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва стигнаа до реми на гостувањето кај дански Одензе во натпревар од 9. коло во женската ракометна Лига на шампиони.
Еден израмнет натпревар кој во сите шеесет минути беше во егал, во кој на крај ремито се покажа како најреален исход. Македонската репрезентативка повторно беше една од најдобрите во својот тим завршувајќи го мечот со четири гола од шест обиди.
Најефикасна кај ЦСКА Москва беше Ана Грос со шест гола, додека кај Одензе ист број погодоци постигна Ардал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА