Во неверојатен натпревар со седум погодоци Јувентус славеше на гостувањето кај Рома со 3-4 во 21. коло од италијанската Серија А. Домаќините и тоа како може да жалат што не стигнаа барем до бод бидејќи имаа предност од 3-1, а при резултат 3-4 не успеаја да реализираат и удар од белата точка.
Рома поведе со голот на Теми Абрахам во 11. минута, а само седум минути подоцна Дибала израмни на 1-1. Со головите на Мктхаријан во 48. и Пелегрини во 53. минута „волчицата“ стигна до предност од 3-1.
Следуваше „Блиц-криг“ на гостите кои со три гола во периодот од 70. до 77. минута направија целосен пресврт и поведоа со 3-4. До крајот Пелегрини не успеа да реализира пенал, а „старата дама“ стигна до трите бода.
Во вториот меч во терминот од 18.30 Џенова загуби на домашен терен од Специја со 0-1. Горан Пандев го одигра второто полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА