Ѓоковиќ повторно уапсен во Мелбурн, сепак ќе биде депортиран?

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, е уапсен во Мелбурн и ќе биде депортиран, според извештаите на медиумите. Во понеделникот, федералниот суд ја потврди жалбата на српскиот тенисер за укинување на неговата виза по неговото доаѓање во Мелбурн.

Ѓоковиќ доби одобрение да го напушти хотелот каде што престојуваше претходните денови, а пасошот и личните документи треба да му се вратат. Сепак, последните информации од Австралија велат дека Новак е уапсен и се соочува со депортација!

За потсетување, веднаш по изрекувањето на пресудата, јавниот обвинител Кристофер Тран објави дека министерот за имиграција Алекс Хок може да ја одземе визата на најдобриот тенисер во светот. Под специјални надлежности, Хок има право да го направи тоа од различни причини, ако открие дека тие се од јавен интерес.

Ако е точно дека министерот донел таква одлука, на Ѓоковиќ би можело да му биде забрането да влезе во Австралија во следните три години.

 

 

 

Се вчитува...