Трансфер целта на Челси пред премин во Ливерпул

Жил Кунде овој месец може да заврши во редовите на Ливерпул, пренесуваат англиските медиуми. Стоперот на Севилја е на радарот на „црвените“ кои ќе се обидат да го доведат 23-годишникот во своите редови пред Челси.

Лондонскиот состав во летниот преоден рок беше блиску до ангажман на младиот Французин, договорени беа и личните услови, но трансферот пропадна во последен момент откако се смени политиката на шпанскиот клуб.

Кунде повторно е опција за Челси, но „сините“ ќе тргнат по неговиот потис ова лето, а целата ситуација се очекува да ја искористи Ливерпул кој е подготвен да „искешира“ 75 милиони евра до крајот на месецот.

Се вчитува...