ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Вториот ривал на Македонија на ЕП 2022, селекцијата на Црна Гора, се соочи со нови проблеми пред тргнувањето за Унгарија откако позитивен на последното тестирање беше и бекот на француски Истр, Милош Божовиќ.
Тој беше негативен на сите досегашни тестирања, но вчерашниот позитивен тест значи и автоматска самоизолација од најмалку пет дена, што значи дека Божовиќ дефинитивно ќе го пропушти и дуелот од второто коло против Македонија, закажан за 15 јануари.
Црногорците ќе отпатуваат на ЕП и без селекторот Рогановиќ, кој се уште е позитивен, но би требало да пристигне во Дебрецин навреме за да ја води селекциајта за дуелот со Македонија.
Дополнителна главоболка за стручниот штаб претставува болеста на Стефан Чавор, кој се жалел на болки во грлото, па денеска ќе биде уште еднаш тестиран пред да биде донесена одлука дали да патува за Дебрецин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА