Главоболка за Врањеш: Словенците со позитивен тест веднаш по доаѓањето во Дебрецин

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Првиот ривал на Македонија на ЕП 2022, селекцијата на Словенија, се соочи со неочекувани проблеми веднаш по доаѓањето во Дебрецин, каде тестирањето врз словенечките ракометари донесе и позитивен тест кај еден од избраниците на селекторот Врањеш. Станува збор за голманот Аљаж Пањтар, кој веднаш е ставен во самоизолација.

Словенечката експедиција денеска повторно ќе биде тестирана, по што ќе биде познато кои ракометари ќе можат да излезат на мегдан против Македонија, утре со почеток во 18 часот.

Изолацијата на Пањтар го остава Врањеш со двајца голмани за ЕП, Кастелиц и Базник.

Се вчитува...