И Еурофарм Пелистер 2 стартуваше со подготовки (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 од Битола денес ги започна подготовките за вториот дел на сезоната 2021/22. Александар Јовиќ попладнево прозиваше во спортската сала „Боро Чурлевски“. Од неговиот стандарден ростер недостигаат репрезентативците Трајкоски и Кузманоски.

Тренерот на Еурофарм Пелистер 2 најави два теста со македонски суперлигаши на крајот на месец јануари. Цел на екипата останува пласман во плеј-офот, што по залихата која ја имаат од есенските кола треба да биде лесно остварлива.

 

Се вчитува...