ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Ракометната репрезентација на Македонија утре против Словенија ќе го стартува настапот на Европското првенство 2022 година во Унгарија и Словачка.
Репрезентативниот бек, Филип Талески вели дека иако Словенија е фаворит тие ќе го остават срцето на теренот.
„Како што кажа и селекторот од 22. декември се подготвуваме. Добро ги анализиравме сите противници и подготвени сме за првенството. Словенија е голем фаворит, репрезентација која во минатите години секогаш се бори за медал. Ние одиме да се надмудруваме со нив да се бориме, да го оставиме срцето на терен, па на крајот нека победи подобриот“, изјави Талески.
Натпреварот меѓу Македонија и Словенија од 1. коло во групата А кој ќе се игра во Дебрецин е закажан за утре со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА