Марк Ендрју Шпиц (роден на 10 февруари 1950, во Модест, Калифорнија, САД) е поранешен американски пливач и освојувач на 7 златни медали на Летните олимписки игри одржани во Минхен во 1972 година. Исто така, тој е еден од четворицата спортисти со 9 златни медали од Олимписките игри (заедно со Паво Нурми, Лариса Латинина и Карл Луис), а само зад Мајкл Фелпс со 14 освоени златни медали. Марк, исто така, е и поставувач на 23 светски рекорди во спринтерските дисциплини во слободен стил и делфин. Тој никогаш не бил светски првак, а кариерата ја завршил во 1973 година.
Својот голем талент овој натпреварувач го покажал уште на игрите 1968 во Град Мексико каде со само 18 години освоил 2 златни медали. На игрите, тој бил предводен од силниот американски пливачки тим и од нивниот најдобар пливач кој бил стимул и за другите Дон Сколандер кој на игрите 1964 во Токио освоил 4 златни медали. На овие игри Шпиц најавувакл освојување на 5 златни медали, но освоил само 2 и тоа во штафетите 4x100m слободно и 4х200м слободно. Освоил и сребро на 100m делфин и бронза на 100m слободно, додека во финалната трка на 200m делфин целосно потфрлил освојувајќи го само разочарувачкото осмо место.
На игрите 4 години подоцна, 1972 во Минхен, за Марк се отворила нова страница во кариерата. Впрочем, Марк Шпиц на овие игри освоил 7 златни медали во исто толку дисциплини во кои настапил (100м делфин, 100м слободен стил, 200м делфин, 200м слободен стил, штафета 4х100м слободен стил, штафета 4х200м слободен стил и штафета 4х100м мешано). Од овие дисциплини, последен златен медал Шпиц освоил како дел од штафетата на САД на 4х200м мешано на 4 септември. Веднаш по овој подвиг, тој бил принуден да го напушти Олимпиското село, бидејќи е Евреин (татко му е Евреин, а мајка му Порториканка).
20 години по својот најголем успех, Марк Шпиц имал смешен обид да се квалификува за Летните олимписки игри – 1992 одржани во Барселона, но се разбира не успеал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА