Лазаров може да здивне – Сите тестови се негативни, Македонија со сите „оружја“ на дуелот со Словенија

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Сите ракометари кои допатуваа во Дебрецин ќе бидат во комбинација за настап против Словенија откако тестирањето на коронавирус по пристигнувањето во Унгарија минало во најдобар ред за „црвено-жолтите“.

Резултатите на сите тестирани биле негативни со што се отстрануваат главоболките на селекторот Лазаров и стравувањата дека би можело да дојде до нови позитивни случаи по петте кои се појавија во Скопје на нецели 24 часа пред тргнувањето за Унгарија.

Митревски, Младеновиќ, Ојлески и Кизиќ се четворицата ракометари кои дефинитивно ќе ги пропуштат првите две средби од ЕП 2022, против Словенија и Црна Гора.

Се вчитува...