Фудбалерите на најтрофејниот македонски клуб Вардар денеска ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната 2021/2022. Првиот дел од подготовките ќе биде во Скопје и акцент ќе биде ставен на физичкиот аспект додека на 24. јануари „црвено-црните“ заминуваат во Анталија за вториот дел од подготовките каде што ќе се играат и контролни натпревари.
За сега во зимскиот преоден рок Вардар доведе две засилувања, староседелците Филип Гачевски и Дарко Мицевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА