ЕВРОЛИГА: ЦСКА Москва го „прегази“ Панатинаикос сред Атина

Кошаркарите на ЦСКА Москва го прегазија Панатинаикос на гостувањето во Оака арената со 74-98. Иако подобро го стартуваа натпреварот Русите и имаа предност од шест поени (20-26) по првата четвртина, клучната разлика ја направија во вторите десет минути кои ги добија со 21 поен разлика и на пауза заминаа со убедлива предност од (33-60).

Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 74-98.

Григонис со 19 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Папапетру заврши со 16.

 

 

 

 

Се вчитува...