Челси прв финалист во англискиот Лига куп (ВИДЕО)

Челси е првиот финалист во финалето на англискиот Лига куп, откако по победата од 2-0 во првиот меч, вечерва славеше и во реваншот против Тотенхем на гостински терен со минимални 0-1.

Победничкиот погодок за „сините“ го постигна Антонио Рудигер уште во 18. минута. За издвојување е и тоа што за домаќините на два пати беше свирен пенал, но по прегледување на ВАР тие беа поништени, а исто така беше поништен поради офсајд и голот на Хари Кејн во 64. минута.

Во финалето Челси го чека подобриот од двомечот меѓу Ливерпул и Арсенал.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...