ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Миха Зарабец ќе биде главен организатор на играта на Словенија и на овој европски шампионат, а бекот на Кил е добро запознаен со квалитетите на Македонија, од дуелите со нашиот национален тим во изминатите години.
Тој во изјавата пред натпреварот ја истакна клучната разлика на подмладената македонска селекција, но исто така го потенцираше и проблемот во нашата игра што Словенците ќе се обидат да го искористат.
„Македонците променија многу, пред се во транзицијата, сега трчаат многу повеќе, исто така се и побрзи. Сепак, се уште го имаат истиот проблем, мораат да сменат повеќе играчи во трансформацијата напад – одбрана, тоа е нешто што треба да го искористиме. Ќе видиме на терен, мислам дека сме доволно квалитетни за да ги победиме, но мораме да го потврдиме тоа за време на натпреварот. Мораме да го отвориме шампионатот со победа, за потоа да одиме од натпревар во натпревар во обид да стигнеме до што подобар пласман“, изјави Зарабец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА