Денеска на ЕП: Дербито е во Сегедин, Хрватска засилена за дуелот со „триколорите“

Јануари е месец резервиран за ракометни возбудувања, а со денешните дуели во Дебрецин, Будимпешта, Сегедин, Кошице и во Братислава и официјално ќе биде означен стартот на шампионатот кој ќе го даде новиот владетел на ракометна Европа за наредните две години. Ова е шесто европско првенство во низа во кое ќе учествува и селекцијата на Македонија, која ќе биде дел од групата А, а премиерниот дуел во Дебрецин ќе го игра во 18 часот против Словенија.

Шпанија ќе ја почне одбраната на трофејот со дуел против Чешка, а од останатите конкуренти за медал Данска е суперфаворит против десеткуваната Црна Гора, Шведска не би требало да има никакви проблеми со БиХ, исто како и Норвешка против Словачка, како и ко-домаќинот Унгарија во пресметката со Холандија.

Дербито на првото коло се игра во Сегедин, каде Хрватска ќе ги одмери силите со Франција. И двете селекции се соочија со низа проблеми во текот на подготовките, но „коцкестите“ ќе бидат сериозно засилени со враќањето на Дувњак и на Циндриќ, бековите на Кил и на Барселона добија по два негативни теста и се упатија кон Сегедин и се очекува да бидат предводници на Хрватска во денешниот дуел.

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА

18 ЧАСОТ

Словенија – Македонија

Русија – Литванија

Србија – Украина

Шпанија – Чешка

20.30 ЧАСОТ

Данска – Црна Гора

Хрватска – Франција

Унгарија – Холандија

Норвешка – Словачка

Шведска – БиХ

Се вчитува...