ЕКИПА ВО ДЕБРЕЦИН,
Стеван Цаневски
Македонија ќе настапи комплетна на денешниот премиерен меч од ЕП 2022, откако и последните тестирања на коронавирус во нашиот репрезентативен табор дадоа негативни резултати.
„Црвено-жолтите“ беа тестирани веднаш по пристигнувањето во Дебрецин во вторникот, потоа повторно во текот на вчерашниот ден, но сите тестови беа негативни, што значи дека Македонија со сите сили ќе тргне по изненадување на денешниот дуел со Словенија.
„Добра вест, сите тестови од вчерашниот ден се негативни“, информираа од нашиот репрезентативен табор.
Мечот меѓу Македонија и Словенија се игра со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА