Паоло Дибала ова лето ќе замине од Јувентус без обесштетување, пренесуваат италијанските медиуми. Имено, аргентинскиот интернационалец и торинскиот клуб не успеале да најдат заеднички јазик за продолжување на соработата, а проблемите кои се јавија се во примањата.
Аргентинскиот напаѓач сака пет годишен договор со кој би заработувал 10 милиони евра по сезоната, додека „старата дама“ е подготвена да издвои седум милиони евра годишно, но за тригодишен договор.
Јувентус во минатото без обесштетување успеваше да доведе врвни играчи во своите редови, но овој пат ќе мора да се соочи и со заминување. Како опција за Дибала се јавува Манчестер Јунајтед кој и претходно беше поврзуван со негов трансфер, но останува да видиме дали „црвените ѓаволи“ ќе се сложат за високата сума на примања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА