Хамес како Кјаер, спаси живот на фудбалер по срцев удар на терен (ВИДЕО)

Хамес Родригез е херојот во Катар откако на натпреварот помеѓу Ал Рајан и Ал Вакрах успеа да му помогне на противничкиот играч Усман Кулибали кој падна на теренот поради срцев удар. Колумбиецот брзо интервенираше и му помогна на 32-годишникот полесно да дише по што интервенираше и медицинскиот персонал.

Брзата интервенција на Хамес, но и на медицинскипт персонал спречи непосакуваната ситуација, а по истата двата тима заеднички се фотографираа со дресот на Малецот.

Се вчитува...