Висла Краков е заинтересиран во своите редови да го доведе младинскиот репрезентативец Енис Фазлагиќ. Фазлагиќ е дел од Жилина, но веројатно нема да замине во Висла, барем не во јануари, со оглед дека од неговиот клуб бараат многу пари, недостижни за Полјаците.
Така според полските медиуми, Висла влегла во преговори, но Жилина побарала 1 милион евра, сума која е неприфатлива за тимот од Краков, со оглед дека се соочува и со финансиска криза.
Договорот на Фазлагиќ со Жилина истекува на крајот од годината, па така од јуни играчот може да преговара со други клубови без проблеми, и потоа на крајот без обестшетување да замине каде што сака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

