Лазаров: Горд сум на овие момци, но утре ќе бидеме разочарани од резултатот

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација со пораз го започна Европското првенство 2022. Во првиот натпреварот во Дебрецин посила од „црвено-жолтите“ беше Словенија која славеше со 27-25 во меч во која селекцијата предводена од Кирил Лазаров покажа карактер и квалитет, но недостасуваше искуството во одлучувачките моменти.

По натпреварот селекторот Лазаров вели дека е горд момците како одиграа и дека оваа репрезентација е на прав пат.

„Горд на тоа што го одиграа момците. Словенија има играчи кои играат во најдобрите тимови во Европа. Покрај тоа што сум разочаран затоа што мислам дека заслуживме најмалку бод или два. Спроведовме доста работи. Физички ги уморивме и ги надигравме, едноставно не верувавме до крај дека можеме да ги добиеме. Пробав да ги убедам, но на крај не успеав во тоа и тоа сум единствено разочаран. На прав пат сме и треба да продолжиме така. Треба да го заборавиме поразот и да одиграме два добри натпревари“, вели Лазаров. 

Тој дополнува дека во моментов чувството е добро, но утре кога ќе се разбудат ќе се чувствуваат лошо.

„Прво треба да ја добиеме Црна Гора па потоа да мислеме и на Данска. Секој меч е тежок на големо натпреварување, но мислам дека ќе бидеме се подобри и подобри. На прав пат сме со овие млади момци и навистина што направивме грешки од недоволна самодоверба. Во моментов чувството е добро, но мислам дека утре кога ќе се разбудиме ќе се чувствуваме лошо“, заврши Лазаров. 

Се вчитува...