Куп на Италија: Фиорентина го елиминираше Наполи во епски натпревар со седум гола и три црвени картони

Фиорентина се чекираше во четвртфиналето од Купот на Италија откако славеше на гостувањето во Неапол против Наполи со 2-5 по продолженија. Натпреварот се одигра во неверојатно темпо, забележани беа четири гола во регуларниот дел од мечот со три црвени картони, а гостите кои во продолжението имаа играч повеќе умешно ја искористија својата шанса.

Прв кој доби црвен картон беше голманот на Фиоретина, Драговски по стартот во втората минута од судиското продолжение, но домаќините не успеаја да го искористат фактот дека настапуваа со играч повеќе во поголемиот дел од второто полувреме пред силите на теренот да ги изедначи Лозано кој заработи директен црвен картон во 84. минута.

Гостите поведоа преку Влаховиќ во 41. минута, но славејето на гостите не траеше долго бидејќи само три минути подоцна Мертенс го изедначи резултатот. Фиорентина преку Бираги во 58. минута повторно ја затресе мрежата за нова предност по што гостите беа на прагот на изборување на следна фаза, но херојот на неаполитанците беше Петагна кој во 96. минута погоди за 2-2.

Фиорентина во продолжението имаше играч повеќе по црвениот картон на Руиз во 93. минута па со три гола на Венути во 106. минута, Пјонтек во 108. и Мелех во 119. минута осигура четвртфинален дуел со Аталанта која го доби натпреварот со Венеција со 2-0

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше на теренот од почетокот па до самиот крај на мечот, но не успеа да придонесе со гол или асистенција.

Се вчитува...