ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Ракометната репрезентација на Македонија во еден крајно интересен натпревар на крајот загуби од Словенија 27-25 во премиерниот меч на Европското првенство 2022 година.
По натпреварот Филип Кузмановски вели дека е разочаран што не ја совладавме Словенија, и дека за поразот сме самите виновни.
„Искрено немам коментар по ваков натпревар. Уште сум под еуфорија. Покажавме дека можеме да ја победиме Словенија. Иако ни недостигаше Лазаров одигравме одлично и криво ми е што не победивме. Самите сме виновни денеска што загубивме. Главата горе имаме уште два натпревари, само да ги поправиме техничките грешки. Млада репрезентација сме трчаме напред назад и навистина е штета што загубивме. Искрено не знам што ни недостигаше денеска, сепак нема простор за разочарување одиме напред“, изјави Кузмановски.
Македонија во сабота ќе го одигра вториот натпревар на шампионатот против селекцијата на Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА