Бразилецот Куевен е ново засилување за Шкупи (ФОТО)

Есенскиот шампион Шкупи ангажираше уште еден странец во своите редови, потпишувајќи договор со Бразилецот Куевен Да Силва Инацио.

23-годишниот Куевен е фудбалер од средниот ред, а доаѓа од тимот на Монте Азул. Претходно на европскиот континент Куевен настапувал и за Керкира од Грција.

Куевен е второто засилување во овој преоден рок за Шкупи, по Ганецот Патрик Менсах.

Се вчитува...