„Пелистерци“ ги почнаа подготовките, добија поддршка и од Град Битола (ФОТО)

Со натежнати проблеми во клубот, како што заврши есенскиот дел од шампионатот, „пелистерци“ денеска означија почеток на зимските подготовки.

ФК Пелистер се наоѓа во повеќе од незавидна ситуација, па сите надежи се во Град Битола кој полека го враќа сопственото владение над клубот.

На денешната прва прозивка на стадионот „Петар Милошевски“, присуствуваа и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски како и директорот на ЈП Водовод Пеце Милевски.

Градоначалникот Коњановски, на средбата со стручниот штаб и фудбалерите, информираше дека локалната самоуправа во соработка со новата управа на клубот ќе даде комплетна поддршка на функционирањето на ФК Пелистер со цел негова стабилизација и санирање на заостанатите обврски.

Горан Ганчев, пак, подготовките ги почна со безмалку истиот играчки кадар од есенскиот дел. Единствено од клубот замина Размоски кој се пресели во редовите на второлигашот Воска спорт.

Се вчитува...