Македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски е цел на унгарскиот прволигаш Залаегерцег.
Како што пренесува унгарскиот csakfoci.hu, тимот во кој член е и Никола Серафимов е заинтересиран за услугите на Тодороски кој би можел во зимскиот преоден рок од Раднички Ниш да се пресели во Унгарија.
22-годишниот десен бек, кој претходно ги мина сите македонски младински селекции а во ноември доби повик од Благоја Милевски и во сениорската репрезентација, претходно во својата кариера има настапувано и за хрватскиte Осијек и Шибеник. На домашната сцена има настапи за 11 Октомври, Кожуф, Металург и Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА