ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Македонските ракометари денеска во 18 часот ќе излезат на мегдан против Црна Гора во второто коло од групата А од ЕВРО 2022, во обид да стигнат до првата победа на овој шампионат.
Црногорците беа една од селекциите кои беа најпогодени од коронавирус на овој шампионат, дел од играчите се вратија на терен, а дел се уште се во самоизолација во татковина. Сепак, токму оваа непознаница околу тоа кој може да игра му создава проблеми и на македонскиот стручен штаб пред денешниот дуел.
„Црна Гора е селекција што дефинитивно ја респектираме. Мислам дека индивидуално гледано имаат и поквалитетни ракометари од нас, но нашата сила е во колективот. Добро се подготвувавме тактички, го анализиравме противникот, но сега имаме проблем бидејќи не е сигурно кој ќе може да игра против нас. Против Данска не требаше да играат Шеваљевиќ и Мијушковиќ, но им беа во состав. Тие имаат позитивни, ние имаме позитивни. Се се менува од ден на ден и мора на тоа да се прилагодуваме“, истакнува селекторот Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА