Енис Фазлагиќ се наоѓа на листата на желби на турскиот гигант Галатасарај. Македонскиот младински репрезентативец претходно беше поврзуван и со трансфер во Висла Краков, меѓутоа согласно полските медиуми, Висла нема да плати 1 милион евра на Жилина, колку што словачкиот тим бара обесштетување.
Затоа турскиот тим е подготвен да ја плати таа сума и да го има во своите редови играчот од средниот ред, кој во минатото беше дел од Шкендија, како и од младинските категории на Вардар.
Фазлагиќ е стандарден младински репрезентативец на Македонија, кој од 2018 година е дел од Жилина, а договорот со словачкиот тим му истекува на крајот од оваа година. Токму од тука ако Жилина сака да заработи нешто, сега е вистинскиот момент да го продаде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА