ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
„Срам ми е да излезам на терен против Данска пред овие наши навивачи. Тие заслужуваат многу повеќе во однос на тоа што го покажавме. Навистина немам коментар, не знам што да кажам. И вчера кажав дека самите сме виновни и дека треба да ги поправиме техничките грешки, а денеска направивме уште повеќе грешки. Не знам што е проблемот. Сите зборуваат за некоја нова Македонија, да смениме нешто, да не бидеме само пензионерска, да трчаме… Ама ние трчаме како без глава. Црна Гора ни покажа како се бори, а ние не се боревме“, истакна Кузмановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА