ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Голем оптимизам, победнички набој владееше меѓу македонските навивачи во Дебрецин, навикнати на успеси од ракометната репрезентација во изминатите десетина години.
Салата беше обоена во црвено-жолт на еден час пред мечот, атмосферата беше одлична, но се падна во вода кога почна натпреварот. Грешките на самиот почеток беа ладен туш, а најголемо е разочарувањето за непокажаниот карактер, недоволната желба да се покаже квалитет и на тој начин да им се искаже благодарност за оние што минаа по илјада километри за да ги бодрат.
„Срамно“, кратко прокоментира Филип Талески по мечот, а неговото расположение го делат и останатите ракометари кои останаа со наведнати глави на крајот од мечот.
Вистинска штета, крај „лавови“ на трибина, денеска на терен за Македонија излегоа „мачиња“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА