Нов малер за Бруклин: Соиграч му падна на ногата на Дурант, следи пауза од најмалку еден месец

Бруклин нетс повторно ќе мора подолг период да се снаоѓа без помошта на Кевин Дурант по бизарната победа што суперѕвездата на НБА-лигата ја заработи на последниот меч со Њу Орлеанс.

Њу Орлеанс беше во напад кога Брус Браун од Бруклин падна по еден дуел, притоа „слетувајќи“ директно на ногата на Дурант. Повредениот ас веднаш замина кон соблекувалната и повеќе не се врати на теренот, а деталните лекарски прегледи покажаа проблем со медијалните лигаменти во коленото. За среќа, тие не се скинати, но станува збор за силно истегнување, поради што лекарите предвидуваат пауза меѓу четири и шест седмици.

Бруклин моментно се наоѓа на второто место во Источната конференција со само еден пораз повеќе од првопласираниот тим на Чикаго, но останува да се види како „мрежичките“ ќе се снајдат во наредниот период без својот клучен играч.

Се вчитува...