И Брегалница отпатува за Анталија (ФОТО)

И штипска Брегалница од денеска се пресели во Анталија каде ќе ги реализира главните подготовки за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

„Сините“ во Анталија ќе бидат до 30. јануари, а за кој период предвидено е одигрување и на пет пријателски натпревари.

Од петте предвидени пријателски натпревари во Анталија, веќе се договорени противниците за три тест дуели. Првиот контролен натпревар ќе биде против рускиот Кубан Краснодар на 17. јануари. Вториот веќе договорен тест е против азербејџанскиот прволигаш Зира на 24. јануари, а третиот против казахстанскиот Аксу на 27. јануари.

По враќањето во Штип, генералката пред стартот на пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига ќе биде на 6. февруари во Штип против бугарскиот второлигаш Септември Симитли.

Се вчитува...