Залаегерцег го купува и Ѓоко Зајков

Ѓоко Зајков е блиску да го напушти тимот на Левски, и да се пресели во таборот на Залегерцег. Македонскиот стопер треба да биде засилување за одбраната на овој тим, која може да остане без услигите на Никола Серафимов кој има понуди од Мол Види или Ференцварош. Исто така во плановите на Залаегерцег е и Тодор Тодороски.

Зајков изминатите шест месеци ги мина во Левски, а претходно беше дел од Шарлероа, Рен. Во Македонија беше дел од Работнички.

Тој е стандарден член на македонскиот национален тим за кој има одиграно 19 натпревари.

Се вчитува...