ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Завршувањето на групната фаза во Дебрецин значи и згаснување на последната шанса Кире Лазаров да одигра барем уште еден натпервар за Македонија во репрезентативниот дрес. Легендата требаше да биде играч/селектор, но повредата го спречи да го облече уште еднаш репрезентативниот дрес и да се обиде да ја одведе Македонија во главната фаза.
Данците во своите редови го имаат Ласе Сван, 38-годишното крило кое како и Лазаров е овде на последното големо натпреварување, голем ас кој во најавата се осврна токму на македонскиот селектор.
„Искрено ми е жал за Кире Лазаров. Тој имаше толку долга и блескава кариера, заслужи да ја заврши на вистински начин, на терен а не вака… И покрај неговата возраст, сигурен сум дека ќе го кренеше нивото на игра на македонската репрезентација. Лазаров е искусен ракометен џентлмен кој знае се за овој спорт и сигурно ќе им помогнеше на Македонците. Неговото неиграње е голема штета, како за самиот играч, така и за целокупната репрезентација“, истакна Ласе Сван во пресрет на денешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА