ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Три порази на три натпревари претрпеа македонските ракометари на теренот на „Феникс Арена“, но навивачите ги освоија симпатиите со одличната атмосфера што ја создаваа на трибините во изминатите денови.
Салата ечеше и во текот на денешниот дуел со Данците, кога и при големата негатива навивачите јасно ставија до знаење дека резултатот на семафорот не е фактор кога станува збор за атмосферата.
„Бисер Балкански“ ечеше во салата, за веднаш потоа да се слушне и „И да загубите, нема да ве оставиме“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА